Професорка осудена на 22 години затвор поради секс со ученици
Триесетгодишната Џенифер Фичер, некогашна професорка по англиски јазик на академијата Central Florida Aerospace во Лејкленд е осудена на затворска казна од 22 години затоа што од септември 2011. година до јануари 2014., сексуално ги искористувала своите ученици.
Тројца од нив потврдиле дека со нив имала сексуални односи, кои тогаш биле малолетници, а со еден од нив останала и бремена.
На крајот, не го донела бебето на свет затоа што направила абортус, а на судењето можело да се слушне и тоа дека ги терала момчињата да ги лажат родителите за нивниот однос, како и дека еден од нив го наговорила да имаат секс на кровот од училиштето.
Фичер за време на изрекувањето на казната, низ солзи им се извинила на семејствата на учениците и повторно истакнала дека со сите тие момчиња била и емотивно поврзана, но судијата останал рамнодушен и ја нарекол предатор.
Инаку, Фичер прв пат се сретнала соочена со тешки обвиненија уште во 2008 година, затоа што на несоодветен начин му пристапила на едно момче кое тогаш било осмо одделение, но и покрај тоа што тогаш била исфрлена од тоа јавно училиште во округот Оринџ, три години подоцна добила нова прилика да работи со деца.
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил