Проект за зголемување на капацитетите на Државниот завод за статистика
Државниот завод за статистика во партнерство со италијанскиот Национален институт за статистика и Државниот завод за статистика на Словенија, денеска почнува проект за зголемување на капацитетите за обезбедување на сеопфатни и споредливи статистички податоци кои се во согласност со ЕУ и меѓународните стандард.
Проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста со стандардите на ЕУ“ се базира на важната улога на официјалната статистика во процесот на пристапување кон ЕУ, чии правила бараат од земјите-членки да бидат способни да подготви статистички податоци врз основа на професионална независност, непристрасност, доверливост, транспарентност и тајност.
Твининг проектот е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош на ЕУ со околу 740.000 евра и се спроведува од октомври 2016 до мај 2018 година.
Од проектот се очекува да ја зголеми дистрибуцијата на квалитетни статистички информации и да го подобри процесот на донесување одлуки од страна на владините институции, компаниите и граѓаните.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет