Проект за здрави навики кај младите
Јакнење на свеста кај младите за зголемување спортски активности на отворено и примена на здрави навики е основна цел на проектот за меѓународна младинска размена „Здрави и активни млади за оддржлива Европа“, што се одржува во Струга, во организација на Младинскиот совет - Прилеп.
Во проектот учествуваат претставници од Македонија, Романија, Молдавија, Србија, Албанија и Португалија.
Координаторот Миле Димковски истакна дека работат на развивање здрав начин на живот и вклучување на младите во рекреативни активности на отворено.
- Проектот има за цел зголемување на учество на младите во рекреативни спортски активности, промовирање толеранција меѓу различните култури, активно социјално вклучување на младите, промовирање на однесувањето врз принципите на толеранција, еднаквост, фер - плеј, недискриминација и социјална вклученост на младите преку спортот поврзани активности врз основа на меѓукултурниот дијалог и еднакви можности, рече Димковски.
За време на размената, посочи тој, кај учесниците ќе се развијат и стекнат знаења и вештини, бидејќи работат во тим, ќе научат како да бидат флексибилни и да соработуваат меѓу себе, како да преземат одговорност и иницијатива и како да се прилагодат и да одговорат позитивно на промените.
– Ќе влијаеме младите да станат уште посвесни за потребата од имање спортски активности и здрави навики како што се урамнотежена исхрана, со што позитивно ќе се влијае на нивните навики за сопственото здравје, и стекнување вештини, способности и знаења во нивниот социјален и личен развој, додаде Димковски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?