-->
-->
Проект за подобрување на енергетската ефикасност за младите од североисточниот регион
-->
Младите од Североисточниот регион се обучуваат на дводневна обука за подобрување на енергетската ефикасност, преку проект кој го спроведува Здружението на граѓани „Доверба“ од Куманово со поддршка на Владата на Република Македонија.
Проектот „Заедно со младите за подобра енергетска ефикасност“, има за цел да ги едуцира младите за климатските промени и потребата да работат и активно да се вклучат во конкретна реализација на мерките и предлозите за зголемување на енергетската ефикасност во домовите и општините.
- На обуките учествуваат млади над 20 години од шестте општини од североисточниот регион. Она што ќе го научат овде, ќе имаат можност да направат разлика и да го применат во општините од каде доаѓаат. Мерките кои што ќе ги научат сега ќе имаат можност да ги разработат во алатка, која ќе им биде понудена во форма на табела, ќе ги развиваат идеите за кои дискутираат, изјави Ивана Јанковска коориднатор на проектот.
Предавањата ги спроведуваат стручни лица од Македонија и Холандија. Во станбениот сектор во последно време во Македонија се забележува одреден напредок во однос на енергетската ефикасност, вели предавачот од Холандија Лук Ван Горп, но потенцира дека кај зградите кои се постари има потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност.
- Важно е што на оваа тема се дискутира и се работи и постои свесност за зголемување на енергетската ефикасност, рече Ван Горп.
Учесниците од Куманово и Кратово, Мартин Милошевски и Ивана Андоновска сметаат дека програмата која се предава е применлива во однос на зголемувањето на енергетската ефикасност во семејните домови.
Проектот предвидува и супервизорска средба, која ќе се оддржи во ноември и финална дебата, која ќе се реализира во декември. На финалната трибина, младите ќе ги споделат научените мерки за зголемување на енергетската ефикасност со заинтересираните субјекти од Куманово и соседните општини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија