Македонија
10. December 2015 - 8:40

Проект за намалување на CO2 од автомобилите

Во Скопје денеска ќе биде одбележан почеток на проектот чија цел е намалување на емисиите на CO2 од автомобилите во Македонија.

Проектот е насловен „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“, и треба да придонесе кон намалување на емисиите на СО2 од страна на транспортниот сектор (лесните возила) во Македонија, преку изработка на политики за економија на горивото.

На настанот е најавено обраќање на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Проектот се спроведува од УНЕП –ГЕФ во соработка со Регионалниот центар за животна средина – Канцеларија во Македонија, а главен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање кое заедно со рафинерија ОКТА го обезбеди националното кофинансирање на проектот.