Македонија
29. May 2016 - 16:46

Проект за енергетска ефикасност на градинките во Велес

Објектите на градинката во Велес ќе добијат термофасади. Проектот за енергетска ефикасност на оваа установа, го реализира локалната самоуправа во соработка со Европската Унија.

Поставувањето термофасади значително ќе ги намали трошоци за ладење и греење на објектите. Заштедените пари ќе се инвестираат во внатрешно доуредување и набавка на материјали за изведување на наставата.

Термоизолационите фасади за градинката во Велес се поставуваат преку проектот за прекугранична соработка „Енерџинет“. Се реализира во партнерство со Грција. За изведба на градежните работи, Европската Унија обезбеди 66 илјади евра.