Проект „Со зеленило против загадувањето“ во Општина Илинден
„Со зеленило против загадувањето“ - Проект во областа на заштитата на животната средина што се одвиваше во текот на месец март во Општина Илинден, е успешно реализиран - озеленети се 20 локации, на површина од 60.000 м2 и засадени се 1.000 листопадни и зимзелени садници.
- Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница, се вели во соопштението од општина Илинден.
Како дел од своите стратешки определби, општината Илинден продолжува со континуирани активности што директно влијаат на подобрувањето и заштитата на животната средина.
Грижата за животната средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче