Македонија
31. March 2017 - 15:13

Проект „Со зеленило против загадувањето“ во Општина Илинден

„Со зеленило против загадувањето“ - Проект во областа на заштитата на животната средина што се одвиваше во текот на месец март во Општина Илинден, е успешно реализиран - озеленети се 20 локации, на површина од 60.000 м2 и засадени се 1.000 листопадни и зимзелени садници.

- Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница, се вели во соопштението од општина Илинден. 

Како дел од своите стратешки определби, општината Илинден продолжува со континуирани активности што директно влијаат на подобрувањето и заштитата на животната средина.

Грижата за животната средина е обврска на секој од нас, па во таа насока  одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.