Продуцентската куќа „Davidsbeеnhere“ со репортажа за 10.места што вреди да се посетат во Охрид

Продуцентската екипа од САД, предводена од продуцентот и експерт за туризам Дејвид Хофман што неодамна престојуваше во Македонија, го објави првиот запис за убавините на Охрид и причините зошто вреди да се посети регионот.
Хофман во својата репортажа за Охрид препорачува десет работи што треба да ги посети секој оној турист што дошол тука. Меѓу десетте топ-атракции тој ги препорачува посетата на црквите „Свети Јован Канео“, Плаошник, „Света Софија“, „Свети Наум“ со изворите на Црн Дрим, постоа посета на Музејот „Куќата на Робевци“, Самоиловата тврдина, Античкиот театар, Националниот парк „Галичица“, неизбежна посета на некоја од продавниците за Охридски бисер и прошетка со чамец по Охридското Езеро.
Продуцентската куќа беше ангажирана од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со цел изработка на промотивни видеа за Македонија, односно куси документарни филмови што ќе ја претстават туристичката понуда на земјата во светот.
Досега се објавени три записи со материјал од Македонија, а покрај оваа репортажа за Охрид уште се објавени и видео-записот за Битола и серија неверојатни инстаграм фотографии од посетата на Македонија.
Хофман за време на престојот тука истакна дека Македонија е 64-та држава што ја посетува, каде ќе прибира материјал за приближување на дестинацијата до заинтересираните туристи, односно да им покаже на луѓето што се можат тука да видат и зошто вреди да дојдат во Македонија.
Предвидено е продуцентската куќа да изработи шест промотивни видеа за Македонија и тоа покрај за Битола уште и материјали за винските региони во земјата, работи што мора да се посетат во Скопје, видео за потеклото на македонскиот јазик и култура, прилог за Стоби, како и материјал за Охридското Езеро.
Во рамки на ангажманот предвидено е да бидат изработени и репортажи за топ-десетте места што мора да се посетат во Македонија, туристички водич низ Скопје, репортажа за Охридското Езеро, за храната и виното во Македонија. Видеата за Македонија ќе бидат дистрибуирани на повеќе специјализирани туристички интернет страници како www.Tripfilms.com,www.TravelDudes.org, www.Davidsbeenhere.com, www.YouTube.com, www.Vimeo.com, www.Stcommunities.sg, www.VideoTravelers.com.
Сиот изработен материјал останува сопственост на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот така што ќе може да се користи и во иднина за туристички промотивни цели.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
-

СП 2026: Хрватскиот селектор смета дека одиграле натпревар со многу емоции
-

Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
-

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев
-

„Њујорк Тајмс“: САД ги предупредиле иранските преговарачи Арагчи и Калибаф дека се можни израелски цели
-

СП 2026: Шпанија без проблеми до осминафиналето
-

Ивановски и Марковски денеска пред нови предизвици на Macedonian open 2026
-

СП 2026: Во неизвесен натпревар со поништени голови Португалија ја совлада Хрватска за осминафинале
