Продолжување на правото на стипендија – за учениците во септември, за студентите во октомври
Рокот за достава на документите за продолжување на правото на стипендија е од 1 до 30 септември за учениците и од 1 до 30 октомври за студентите.
МОН на својата веб-страница објави дека документи во наведениот рок може да поднесат сите корисници на правото на ученичка односно студентска стипендија остварено во некоја од изминатите учебни/академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на стипендијата.
Корисникот на ученичка стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидителство.
Корисникот на студентска стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 или 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно со договорот за стипендија.
Документите за стипендиите (ученички и студентски) се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава