Продолжување на породилното отсуство бараат стотина мајки кои се на породилно отсуство
На Фејсбук има група од неколку стотина членови, „Мајки на трудничко“, основана за сите мајки на кои им истекува породилното отсуство, а поради настанатата ситуација со коронавирусот не се во можност да ги остават нивните бебиња и да тргнат на работа.
Групата упатува барање до Владата на Македонија:
„Со оглед на сериозноста на пандемијата која го зафати светот, а и нашата земја, во услови кога градинките не работат, а и ризично е воопшто мајка која оди секојдневно на работа во работното време да се грижи за мало бебе, повикуваат на разбирање за нивната ситуација.
Мајки кои сеуште се во породилно отсуство, а кое треба да заврши во ден на вонредна состојба, во услови кога голем број работодавачи не дозволуваат користење годишен одмор, а боледувањето не е трајно решение, бараат од Владата да им се продолжи породилното отсуство додека трае вонредната состојба, односно негово времетраење од барем 12 месеци.“
Ново на Сител
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност