Продолжуваат штрајковите во француските рафинерии и складишта за нафта
Штрајковите во француските рафинерии и складишта за нафта продолжуваат и денеска, пишуваат дел од британските медиуми, повикувајќи се на претставници на синдикатот ЦГТ во компаниите „ТоталЕнерџи“ и „Есо Франција“, подружница на американскиот нафтен гигант „ЕксонМобајл“.
Штрајковите го зголемија притисокот врз владата на францускиот претседател Емануел Макрон, што веќе се соочува со незадоволство на јавноста поради инфлацијата и зголемените сметки на домаќинствата.
Речиси една третина од француските бензински пумпи вчера имаше проблеми со снабдување најмалку еден вид гориво, во однос на 21 отсто ден претходно, покажаа владините податоци.
Според лицето од ЦГТ во „ТоталЕнерџи“, ќе биде продолжен прекинот во работата. Ова следува ден подоцна, откако управата на француската компанија понуди да започне разговори за платите со цел да се стави крај на спорот, што трае веќе околу две недели.
Друг претставник на ЦГТ посочи дека штрајкот ќе продолжи во две рафинерии на „Есо Франција“, пред разговорите со менаџментот закажани за подоцна во текот на денот.
– Сè уште немаме никаква потврда дека состанокот ќе биде одржан, тврди претставникот.
Дел од британските медиуми пишуваат оти портпаролката на „Есо Франција“ истакнува дека состанокот ќе биде одржан претпладне. Ќе бидат вклучени, како што појасни таа, претставници на сите четири синдикати, активни во компанијата.
Ново на Сител
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа
-
Мисајловски и генерал Лафчиски во „Криволак“ на артилериско гаѓање и презентација на новата армиска униформа
-
Херцог: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа
-
Без вода дел од улицата „Наум Наумовски Борче“
-
Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026