Продолжуваат протестите во Романија

Протестите во Романија продолжија вчера, шестти ден по ред, додека бројот на жртвите на пожарот во ноќен клуб во Букурешт пред девет дена достигна 45 лица.
На Универзитетскиот плоштад во Букурешт, кој е најактивното место на протестите, синоќа се собраа помалку луѓе во однос на претходните денови, јавува БТА.
Над илјада демонстранти го пречекаа со исвиркување претседателот Клаус Јоханис, кој вети дека ќе замине на плоштадот и ќе ги слушне барањата на „улицата“. Обезбедувањето на претседателот едвај се справи со толпата, а Јоханис остана помалку од половина час на плоштадот.
- Видов бунт на плоштадот, но исто така и надеж дека работите можат да се променат. Им кажав на луѓето да бидат активни, им кажав дека само заедно можеме да ја направиме Романија земја, каква што сакаме да биде, објави претседателот на својот Фејсбук профил.
Над илјада лица се собраа вчера на протест во градот Плоешт, над 500 во Прахова, околу 200 во Брашов. Луѓето палеа свеќи и се помолија за жртвите во пожарот.
Од минатиот вторник секоја вечер илјадници Романци излегуваат на протести со барање за промени. Премиерот Виктор Понта поднесе оставка во средата, но тоа не го намали незадоволството. Демонстрантите бараат предевремени избори, борба против корупцијата, зголемување на пензиите и платите.
Јоханис го назначи досегашниот министер за образование Сорин Кампјану за времен премиер.
Владата денеска ќе одржи вонредна седница, на која ќе ја разгледа програмата за помош на ранетите во пожарот и на нивните семејства. Околу 200 лица се повредени во пожарот во клубот. Четири лица починаа вчера како последица на изгореници и компликации, добиени од токсичниот чад, а меѓу нив беше и тапанарот на групата, која таа вечер одржа концерт во клубот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
