Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата

Протестите на средношколците во Франција продолжуваат и денеска, а се очекува учениците да ги блокираат училиштата како и претходните недели, барајќи подобри услови за образование, пренесуваат француските медиуми.
Припадници на интервентната полиција се распоредени во близина на училиштата во Мерињак, во департманот Жиронда, пренесе БФМ.
Наставниот кадар постепено ги внесува учениците во училиштата, а десетина средношколци запалија контејнери за ѓубре.
Еден станар без успех се обидел да интервенира со противпожарен апарат пред доаѓањето на пожарникарите.
Од почетокот на средношколските протести, во главниот град на Франција се приведени повеќе стотици луѓе, а 273 лица се задржани во притвор.
Од нив 188 се малолетници (63 проценти), а мнозинството имаат 15 или 16 години.
Министерот за национално образование Едуар Жефре најави дека во текот на денот ќе ја посети училишната управа во Лил.
Портпаролката на владата Мод Брежон соопшти дека распоредувањето на професорите за замена започнало од утринава.
Средношколските протести во Франција почнаа во средината на септември.
Главните барања на средношколците се подобри услови за учење и образование, како и решавање на проблемите со распоредот и ресурсите во училиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
