Продолжуваат промотивните настани за органско земјоделство

Викендов во Скопје продолжуваат промотивните настани за органско земјоделство што ги организира
Федерацијата на производители на органски производи на Македонија со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Станува збор за проект кој е дел од манифестацијата „Денови на органското производство 2016“.
Како што информира Федерацијата, потрошувачите ќе имаат можност да се запознаат со производителите и нивните производи, а преку организираните информативни и едукативни содржини ќе можат да стекнат нови знаења и подетално да се запознаат со правилата и начините за органско производство.
Програмата предвидува и мини квиз на кој посетителите, купувачите, ќе може да го покажат своето знаење за органското производство и да бидат наградени.
Промотивните активности денеска се во Градскиот трговски центар (ГТЦ), а утре во Сити мол. Вчера се одржаа исто така во ГТЦ, додека минатиот петок, освен во ГТЦ, организирани беа и во Капитол мол во Аеродром.
Ново на Сител
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
