Бизнис
3. December 2016 - 9:30

Продолжуваат промотивните настани за органско земјоделство

Викендов во Скопје продолжуваат промотивните настани за органско земјоделство што ги организира 

Федерацијата на производители на органски производи на Македонија со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Станува збор за проект кој е дел од манифестацијата „Денови на органското производство 2016“.

Како што информира Федерацијата, потрошувачите ќе имаат можност да се запознаат со производителите и нивните производи, а преку организираните информативни и едукативни содржини ќе можат да стекнат нови знаења и подетално да се запознаат со правилата и начините за органско производство. 

Програмата предвидува и мини квиз на кој посетителите, купувачите, ќе може да го покажат своето знаење за органското производство и да бидат наградени.

Промотивните активности денеска се во Градскиот трговски центар (ГТЦ), а утре во Сити мол. Вчера се одржаа исто така во ГТЦ, додека минатиот петок, освен во ГТЦ, организирани беа и во Капитол мол во Аеродром.