Продолжуваат меѓупартиските разговори за отворените прашања
Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино претпладнево во резиденцијата на ЕУ ги продолжија разговорите за отворените прашања што го попречуваат решавањето на политичката криза.
На оваа фаза од меѓупартиските разговори учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
На средбата присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Евроамбасадорот Аиво по завршувањто на завчерашната рунда разговори изјави дека партиските претставници постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно, без да прецизира кое.
- Завршена е навистина значителна работа за која беше потребно многу време. Многу прашања беа договорени, но се уште има едно прашање кое е отворено, и поради тоа, за жал, не бевме во состојбата постигнеме договор, односно партиите не беа во состојба да постигнат договор. Се надевам дека ќе продолжиме што е можно поскоро, изјави Орав.
Ново на Сител
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”