Балкан
14. February 2017 - 9:42

Продолжуваат антивладините протести во Романија

Во Романија и синоќа продолжија протестите на кои демонстрантите бараат оставка на социјалдемократската Влада, која власта ја презеде во декември. 

Околу две илјади лица се собраа во Букурешт на 14. протест по ред. 

- Доколку Владата не е во состојба во својот прв месец да не дејствува транспарентно и чесно, што ќе прави преостанатите четири години, праша 60-годишната наставничка Каталина, која на демонстрациите доаѓа секој ден.

Луѓето се собраа на Плоштадот на победата и покрај ниските температури, виорејќи романски знамиња и извикувајќи „Оставка!“ со звуците на тапаните.

Романскиот Парламент вчера едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис околу идејата за организирање референдум за антикорупциските реформи, а по масовните протести, кои ја принудија Владата да ја повлече спорната уредба за декриминализација на поединечни случаи на корупција.