Loading Video...
Бизнис
27. September 2015 - 16:35
Продолжува владината поддршка за земјоделците и производителите на јаболка
Со симболичното откинување на првото јаболко во рамките на годинашниот “Преспански јаболкобер 2015”, денеска, на “Крстовден”, традиционално започна бербата на јаболката во Преспа.
Годинава се очекува богат и квалитетен род, а со изградбата на современиот откупен центар “Епл ленд”, и пласманот значително ќе биде олеснет.
Според заманик-министерот за земјоделство, Костадиновски, и во иднина Владата ќе продолжи со субвенционирањата во ова земјодлеска гранка, при што досега, само на име обесштетување од штети, на преспанските јаболкопроизводители исплатени им се околу 2 милиони евра.
Инаку, годинашниот “Преспански јаболкобер 2015”, во трите изминати дена понуди и други бројни културни содржини, а за прв пат, преку УНДП беше организирана и видео-игра за одгледување на агро-еколошки преспански јаболка.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
