Продолжува вакцинирањето за македонските граѓани на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево
Продолжува вакцинирањето за македонските граѓани на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево. Милена Христова, одговорно лице за регистрирање на граѓаните за вакцинација. потврди дека има голем интерес за вакцинација во мобилната канцеларија што се наоѓа во меѓуграничната зона и додаде дека закажувањето се врши без негативен резултат на ПЦР-тест.
-Има голем интерес за вакцинација, се јавуваат од повеќе градови на Република Македонија. Јас сум задолжена за нивно регистирање на списокот и можам да кажам дека со вакцинација ќе продолжиме се додека има интерес од страна на граѓаните, вели Христова, која потенцира дека вакцината е бесплатна за сите регистрирани граѓани кои претходно сакаат да се вакцинираат и ги отфрли шпекулациите за земање поткуп за сите оние кои бараат термин за вакцинација.
Вакцинирањето на гранишниот пункт Станке Лисичково – Делчево се реализира на иницијатива на бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски кој, исто така, иницираше и отворање на вакцинален граничен пункт на граничниот премин Златарево – Ново Село.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место