Продолжува судењето за „Титаник 2“
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.
Судијата Огнен Ставрев, на претходното рочиште, информира дека со изведување на вештиот наод се исцрпува листата на докази и закажа уште две рочишта за 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбрната. a
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата

