Продолжува судењето за „Поткуп“
Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, треба да продолжи слушањето на разговорите од Посебните истражни мерки (ПИМ).
Слушањето на разговорите од ПИ мерките поврзани со предметот почна на минатото рочиште без присуство на јавноста во судницата.
Премиерот Заев по завршувањето на минатото рочиштето рече дека со слушањето на разговорите ќе се продолжат денеска и оти тоа ќе трае се додека не се преслушаат сите, по што ќе се продолжи со останатата доказна постапка.
Според Заев во разговорите апсолутно нема никакви докази и оти станува збор за редовни комуникации на тогашен градоначалник со осомниченото лице и сите други лица, како што се директори на институции, граѓани кои се јавуваат кај тогашниот градоначалник на Струмица.
Заев рече дека ги нема изброено сите разговори, но оти се работи за преку 10 илјади разговори, дел се со ПИ-мерки, а дел се без ПИ мерки.
Адвокатите на Заев побараа исказот на сведокот Иван Николов Сачевалиев од претходното рочиште да не биде прифатен како доказ во постапката. Тие сметаат дека судската постапка не може да се базира на неговиот исказ бидејќи тој бил агент провокатор, односно бил инструиран да бара поткуп. За ова барање Судечкиот совет најави дека дополнително ќе се изјасни.
Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.
Ново на Сител
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка