Продолжува судењето за „Дива населба“
Во големата сала на Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Дива населба“.
Последното рочиште на 17 октомври беше одложено поради службено патување на овластениот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група
Ново на Сител
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?