Продолжува субвенционирањето за приклучување на гасоводната мрежа во Струмица

Општина Струмица и во наредниот период ќе субвенционира 50 приклучоци на гасоводната мрежа во износ од 100 евра во денарска противредност од вкупно 600 евра колку што изнесува цената на приклучокот. И по исполнувањето на оваа бројка општината носи одлука за нови 50 субвенции, информираше денес на прес конференција директорот на ЈП за енергетски дејности „Струмица гас“, Благој Милановиќ.
Одлуката за субвенционирање е донесена на вчерашната седница на Советот на општина Струмица, а Милановиќ додаде дека пред новата грејна сезона треба да се приклучат уште дваесетина нови корисници, како и струмичката болница и Секторот за внатрешни работи-Струмица.
- Имаме поднесено барање за кредит за изградба на нови 7 километри дистрибутивна гасоводна мрежа во градот. Постапката со кредитот од Светска банка веќе е во завршна фаза и очекуваме во секој момент тој да биде одобрен и да се почне со активностите за изградба, рече директорот Милановиќ.
Со изградбата на нови 7 километри вкупната должина на гасоводната мрежа ќе изнесува над 40 километри, а ќе се гради и дистрибутивна мрежа кон селото Дабиле.
Информираше дека се подготвени за почетокот на новата грејна сезона и при тоа се извршени и проверки на инсталациите.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
