Продолжува состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Мешовитот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, кој се состанува по 17-ти пат, денеска продолжува со работа во Стразбур, под заедничко претседавање на претседателката на македонската собраниска делегација, Соња Мираковска и претседателот на делегацијата на ЕП, европратеникот Андреас Шиедер.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, по вчерашните дискусии и рамена на мислења со претставниците на Европската комисија, односно Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување и Одделот за Западен Балкан на Европската служба за надворешни работи, и со заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, денеска, на вториот ден од состанокот, ќе стане збор за владеењето на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата и изборниот систем и предложените реформи во тој домен.
Во македонската собраниска делегација покрај Мираковска, се и пратениците Бетиане Китев, Жаклина Лазаревска, Никола Попоски, Шпреса Хадри, Ивана Туфегџиќ, Иван Стоиљковиќ и Мерал Узеири Ферати.
Ова е прво заседание на Мешовитиот комитет со новоизбраниот состав на делегацијата на Европскиот парламент и најверојатно последен за составот на македонската собраниска делегација пред претстојните парламентарни избор.
На крајот на состанокот се очекува да бидат усвоени Завршни препораки кои се упатуваат до институциите на Република Македонија и на Европската унија. Меѓу предложените препораки е и повикот до сите земји членки на ЕУ „да се заложат да донесат позитивна одлука што е можно поскоро“ за започнување на пристапните преговори со земјава и Албанија, најдоцна до состанокот на Советот во март 2020 година.
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
