Продолжува соработката на АРМ со НГ на Вермонт

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, во рамки на официјалната посета на Вооружените сили (ВС) на САД, во Пентагон, Вашингтон се сретна со шефот на бирото на Националната гарда (НГ) на САД, генерал Франк Грас.
На средбата, соопшти денеска Министерството за одбрана, генералот Величковски ја оцени партнерската програма која АРМ ја реализира со НГ на Вермонт веќе 20 години, како исклучително успешна за АРМ и за останатите области со Република Македонија. Искажувајќи благодарност за поддршката, началникот на ГШ на АРМ потсетил дека со оваа сеопфатна и динамична програма, во изминативе 20 години, биле опфатени повеќе од шест илјади припадници на АРМ, кои учествувале во над 800 различни активности, семинари, вежби и други форми на обука.
Во оваа прилика, генералот Величковски ја потврдил заложбата за понатамошно јакнење на соработката на АРМ со НГ на Вермонт, со организирање на обуки и вежбовни активности, како и вклучување во трилатералното партнерство со Сенегал. Тој уште еднаш го нагласил заедничкото распоредување на припадниците на АРМ со припадници на НГ на Вермонт во наменските сили ,„Феникс“ во ИСАФ во 2010 година, како резултат на одличната соработка и стекнатат висока доверба помеѓу двете армии.
Генералот Грас искажа задоволство од соработката на НГ на Вермонт со АРМ, која изминативе две децении даде високи резултати и која особено помогна АРМ да ги достигне стандардите на НАТО. Тој ја истакна заложбата за понатамошно јакнење на програмата за соработка и изнаоѓање на нови форми за нејзино проширување.
На состанокот во Пентагон присуствуваше и командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
