Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги
Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги ќе продолжи се до исполнување на барањата за потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа, изјави претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошески при посетата на Подрачното одделение на институцијата во Тетово, за да изврши увид како се одвива штрајкот, кој денеска влегува во петтиот ден.
– Порастот на минимална плата во 2022 година доведе до изедначување на платите на вработените со различни звања. Ние како Независен синдикат на Управата за водење матични книги сметаме дека треба да има лиеарно покачување на платите на сите вработени во УВМК, кои долги години наназад воопшто не се покачени. До 2010 бевме под МВР, а од тогаш никој не ни има дадено ни покачување, ни нови звања. Имаме колеги кои работат и по 30 години, а уште се помлади референти. Има колеги што земаат 14.700 денари, не земаат уште цела 15.200 што беше минимална плата, која нормално сега треба да биде 18 илјади, изјави Милошевски.
На петтиот ден од штрајкот синдикатот предупредува дека се врши притисок кон вработените да го прекинат.
– Имаше огромни притисоци и уште ги има. Има значи од некои политички партии, има од самото раководство од Управата до некои вработени. Вработените што се на договор имаат најголеми притосоци, рече Милошевски.
Тој потсети дека синдикатот побарал покренување постапка за помирување со Управата.
– До Управата доставивме постапка за помирување. Поминаа 15 дена од тој рок. На 19-ти само еднаш не викнаа да преговараме. Ни кажаа од Министерството за финансии дека нема ништо да ни дадат и ние на 27 април стапивме во штрајк, изјави Милошевски.
Иако се во штрајк, вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со старнство, како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично. Се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро