Продолжува растот на цената на нафтата
На меѓународните берзи денеска цените на нафтата искачија над 96 долари. Растот е поттикнат од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка на гориво во Кина за време на празничната сезона.
На берзата во Лондон цената на барел нафта за испорака во ноември се зголеми за 88 центи и изнесуваше 96,26 долари. Додека барел нафта за испорака во декември се тргуваше за 94,07 долари односно за 97 центи повеќе од вчера.
На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.
Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и се намалат цените на домашниот пазар. На Меѓународната берза во Санкт Петербург денеска е забележан мал пад на цените на рускиот бензин и на дизелот.
Според прогнозите на економистите, во четвртиот квартал барел нафта ќе се тргува за 89,85 долари, а во 2024 година ќе чини 86,45 долари.
До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и од Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, предупредуваат аналитичарите.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?