Продолжува проектот за дуално образование „20-20-20“ на ЕВН Македонија
За над 20 ученици од втората генерација во специјализираната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје почна учебната година. Тие официјално седнаа во специјалниот кабинет, оформен за потребите на проектот „20-20-20“.
На првиот училишен ден на сите ученици од средното електротехничко училиште, им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, кој им порача дека направиле добар избор и им посака успех во учењето.
- Овие ученици денес инвестираат во нивната иднина. Тие одлучија да научат да работат, а да научиш како се работи денес, значи подобра иднина утре. За три години ќе ги вработуваме како електромонтери, но ова не значи дека ќе останат на таа позиција цел живот. Тие може да напредуваат во кариерата и да продолжат како специјалисти и проект инженери или пак еден ден да станат и технички директор на ЕВН. Се е возможно, рече Петер.
Со проектот „20-20-20“ е планирано дваесетина средношколци од секоја генерација, кои ќе покажат најдобар успех и ќе стекнат најмногу знаење, да добијат можност за вработување во ЕВН Македонија и загарантирана нето месечна плата од 20.000 денари. Тие ја следат наставата во училиштето и посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот