-->
-->
Продолжува потрагата по десетици луѓе кои сè уште се водат како исчезнати по свлечиштето во Индонезија
-->
Спасувачите со лопати и мотики копаат за да пронајдат најмалку 47 лица кои сè уште се водат како исчезнати по лизгањето на земјиштето кое затрупа куќи на островите Натуна во Индонезија.
Досега е потврдена смртта на 10 луѓе, изјави денеска претставник на локалните власти.
Најмалку четири лица се во критична состојба откако тони кал затрупаа населба во областа Серасан по обилните дождови во понеделникот, изјави Патли Мухамед, претставник на локалните власти.
Повеќе од 1.200 луѓе се раселени, додаде тој.
Според него, лошото време и тешкиот пристап поради оддалеченоста на областа ги попречуваа напорите за пребарување.
Поплавите и одроните се вообичаени во Индонезија за време на дождовната сезона помеѓу октомври и април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Национализмот не ги полни куќите
-
Филипче: Се враќаат режимски практики
-
Шукова: Модерен конгресен центар за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Сообраќајна инфраструктура за безбедни улици
-
Мециновиќ: Модерен транспортен систем
-
Во тек е пријавувањето на болни и немоќни во ОИК, за гласање во домашни услови
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод