Продолжува посетата на Италија на владина делегација, градоначалници и претставници на стопанските комори од Северна Македонија
Денеска продолжува посетата на Италија на владината делегација предводена од заменик премиерот за економски прашања, Фатмир Битики, министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, градоначалници и претставници на стопанските комори на Северна Македонија.
По средбата со претедателот на Советот на метрополата Венеција, Ермелинда Дамиано, вице премиерот Битики, министерот Чупи и Мунир Шемси, претседател на Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“, ќе одржат прес конференција за италијанските и македонските медиуми.
За попладне е закажана работна средбана на претставници на македонските стопански комори со Унијата на стопанските комори на Италија, а посетата завршува со организирање на бизнис форум меѓу стопанственици од двете земји и присуство на претставници на регионалните власти на регионот Венето.
Посетата на македонските претставници и средбите ги организираа Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“ и Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција.
Ново на Сител
-

Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“
-

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори
-

„Рома“ ги демантираат институциите
-

Неовластено влегол во Воениот полигон „Криволак“, приведен маж од неготинско
-

Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план
-

Излегоа ждребовите за нашите репрезентативци кикбоксери
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
