Продолжува на комисиската расправа за улогата на АНБ и АР во случајот Онишченко
– Собраниската комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) ќе го одржи продолжението на седница за улогата на АНБ и АР во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство, на која се очекува да присуствува директорот на АНБ Виктор Димовски.
Во средата седницата беше прекината, откако претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов, информира дека добил известување од директорот на АНБ Димовски дека поради работни обврски во Брисел нема да може да присуствува.
– Причината за оваа седница е бидејќи во изминатиов период се соочуваме со непријатности поврзани со нашата работа. Собранието покрај законодавна, има и надзорна улога. Имаме случај во кој човек кој е на црната листа на САД, Република Македонија му дала државјанство, рече во средата Пренџов.
Пренџов претходно најави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на Агенцијата го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа“.
– Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.
Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.
И премиерот Димитар Ковачевски изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе