Македонија
9. November 2024 - 16:33

Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица

И покрај предностите што ги има користењето на природниот гас, струмичани не покажуваат голем интерес за приклучок на гасоводната мрежа. . Според првиот човек на претпријатието најголемиот проблем настанал со светската енергетска криза и  стравот на граѓаните од  повторна дестабилизација цените.

Во моментов речиси една половина од градот е покриена со гасоводната мрежа, а краци се пуштени и кон индустриските зони во периферијата на градот,  но за 13 години колку што постои јавното претпријатие Струмица гас оваа можност ја имаат искористено 420 физички и правни лица.

За да ги мотивира граѓаните  огревното дрво и пелетите да ги заменат со природен гас општина Струмица веќе неколку години директно ја субвенционира цената на потрошениот гас од 10 денари по метар кубен. Од оваа година новите приклучоци се целосно ослободени и  од надоместокот за приклучок. Ослободувањето е во висина  од близу 47 000 денари по домаќинство.

Во последните неколку години Струмица е на врвот од листата градови со најзагаден амбиентален воздух.Резултатите од мониторингот што беше реализиран во периодот од март лани до април годинава во рамки на проектот,, Справување со загадувањето на воздухот,, покажаа дека главниот извор на загадување е согорувањето на био маста и тоа со учество од 35%.  Едно од решенијата за намалување на овој процент е приклучувањето на гасификацијата поради што беа воведени и неколку сетови на субвенции.