Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
Во Собранието денеска во 13 часот во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да продолжи јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. На денешната седница се очекува да бидат посочени заклучоци од одржаната јавна расправа која почна на 7 февруари.
На јавната расправа се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков, претседателот на Републичкиоит совет за безбедност Горан Ангелковски, професори од Правниот факултет и други претставници од надлежни институции.
Тошковски тогаш истакна дека фокусот не смее да биде само на законите, на заострување на казните, туку на градење на систем којшто ќе овозможи конкретно елимирање на неказнивоста. Превенцијата е важна според него, но подеднакво важно е да има ефикасен систем за евиденција на рецидивистите со строги санкции што навистина ќе се спроведуваат, за да не се дозволи повторување на исти опасни поведенија.
Во делот на законските измени, тој сметам дека е неопходно ревидирање на законските одредби кои ги регулираат сообраќајните прекршоци.
-Сметам дека мора да го ревидираме членот 297а од Кривичниот законик кој се однесува на безобѕирно возење, односно јасно да се разграничи од постоечките одредби кои регулираат сообраќајни прекршоци во ЗБСП во делот на брзото возење и наместо алтернативно да се изрекува парична казна, истата кумулативно да се изрекува со казна затвор. Мора да се предвиди и инкриминирање на управување на моторно возило без положен возачки испит, затоа што бројките се страшни – во 2022 година биле констатирани 16.359 прекршоци за управување на моторно возило без возачка дозвола, во 2023 година 19.885, а во 2024 година 19.000 прекршоци. Исто така размислуваме и за воведување на задолжителна мерка – одземање на возилото при најтешките случаи на безобѕирно возење, подвлече Тошковски.
Посочи дека се работи и на проширување на можностите на системот „Безбеден град“ во делот на автоматско санкционирање на нерегистрирани возила, а во подготвителна фаза е и набавка на тестови за дрога.
Министерот Филков на јавната расправа информираше дека министерствата за правда, за внатрешни работи, судии од Одделот за прекршоци во Кривичниот суд Скопје и универзитетски професори, работат на имплементација на новите законски измени во Законот за прекршоците и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Иницијативата за јавната расправа уследи по случајот со Фросина Кулакова која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје.
Иницијативата за одржување на јавната расправа беше поднесена од страна на пратеници од владејачките ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, а поддршка дадоа пратениците од сите политички партии.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата