Продолжува Годишната конференција „Година на европски можности“
Продолжува дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата. Ќе се одржат три панел сесии, на кои ќе се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година.
Како што информира владината прес-служба, првиот панел за денеска или панел 5 е „Земјоделство и рамномерен регионален развој - ЕУ можности и перспективи“.
Следните два панели се „Република Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“ и „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“. Постои можност за следење на конференцијата онлајн.
Конференцијата вчера ја отвори премиерот Димитар Ковачевски. Се одржаа четири панели: „На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“, „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“, „Европски можности преку модернизација на социјални, образовни и здравствени политики“ и „Демократија, правда, ефикасност - реформски процеси за клучни европски вредности и стандарди“.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани