Продолжува амандманската расправа за Предлог буџетот
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска е трет ден за амандманска расправа по Предлог-буџетот за следната година. Поднесени се вкупно 223 амандмани, а расправата треба да заврши задутре.
Министерот за финансии фатмир Бесими во текот на расправата информираше дека следната година ќе се формира нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците, а средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедени преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот.
– Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека земјоделството е важен сектор во нашето стопанство и дека има потреба да се интервенира кога на пазарот има пореметување, особено кога цените се на ниво кога земјоделците не можат да ги покријат трошоците, рече Бесими, истакнувајќи, меѓу останатото, дека тренд на зголемување има и кај средствата за зелен развој и оти само за аерозагадување преку нова програма се предвидени 1,7 милијарда денари.
Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.
За петдневната амандманска расправа текстот треба да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена.
Ново на Сител
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо
-
Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по телото малолетничка
-
Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти
-
Кривична за градоначалникот на Кичево, одобрил оформување дива депонија и ја загрозил животната средина и природата
-
Студентскиот дом „Кузман“ готов до 2026та, во план е да се реновираат сите студентски домови
-
Меџити: По пожарите ќе се пошумува секаде каде што е потребно