Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2020
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи расправата за амандамните на Предлог-буџетот за следната година, а седница ќе одржи и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот.
Ова е петто продолжение на седницата, која треба да заврши до крајот на неделава. Буџетот за следната година, според најавите на првиот парламентарец Талат Џафери би требало да биде на пленарна седница на 16 декември.
Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот треба да ја продолжи расправата по претставката од Ѓорѓи Илиевски, вработен во Државниот просветен инспекторат – Виш просветен инспектор за наодите за вршење притисок, мобинг на работно место после констатираните незаконски унапредувања на јавни функционери во наставно – научни звања на Универзитетот во Тетово.
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ