Продолжува 98. Рос-Рот семинарот во Собранието
Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува 98.РОС-РОТ Семинар.
Семинарот е во организација на парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.
Денешните сесии на семинарот се посветени на Земјите-НАТО аспирантки од Западен Балкан: Патот напред, Реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и Од Скопје до Брисел: следните чекори во евроинтегративниот процес. Најавени се обраќања, меѓу другото, на заменик - министерот за одбрана Беким Максути и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
Утре ќе се одржат седмата и осмата сесија на РОС-РОТ Семинарот а се посветени на Состојбата во медиумите во земјите од Западен Балкан и влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавното мислење и Меѓуетничките односи на Западен Балкан.
Семинарот започна вчера со обраќања на претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Паоло Али и швајцарската амбасадорка во Македонија Сибил Сутер Тејада. Клучни напомени изнесе и поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и заменик - помошник на генералниот секретар на НАТО за операции Џејмс Пердју.
Првата сесија беше посветена на Зајакнување на правото, реформа во администрацијата и правосудството и борба против корупцијата, втората на Добрососедските односи и стабилноста на Западен Балкан: Мерки за градење доверба, а на третата сесија се зборуваше за мигрантската криза и балканската рута.
Ново на Сител
-
Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето
-
Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран
-
При претрес во Гостивар пронајдена марихуана
-
Кина најавува мерки како одговор на американските царини за челик