Продолжува 85. седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 85. седница. На дневен ред се повеќе закони.
Пратениците треба да расправаат за Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со втор дел од заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за изградба на автопатот на Коридор Х на делницата Демир Капија – Смоквица, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за субвенционирање на станбен кредит, на Законот за Народната банка на Република Македонија, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, сите по скратена постапка.
Исто така на дневен ред се измените на Законот за спортот, на Законот за судска служба, измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, на Законот за внатрешни работи, на Законот за одбрана, на Законот за енергетика, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе дебатираат за предлог законот за утврдување на цени на водните услуги, за измените и дополнувања на Законот за земјоделското земјиште, измените на Законот за шумите, на Законот за лековите и медицинските средства, сите по скратена постапка и други.
Ново на Сител
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
