Продолженија на четири собраниски седници, пратениците ќе расправаат за предлог за избор на уставен судија
Во Собранието денеска се закажни продолженија на четири седници. На дневен ред на 106-та седница е Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како и други точки, меѓу кои, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање.
На дневен ред на 91-та седница се Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, како и Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан.
На оваа седница ќе се најдат и извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска.
На дневен ред на 100-та седница, меѓу другото е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка. На 103-та седница на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, како и за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“