Македонија
30. October 2015 - 8:36

Продолжение на 67. седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за Информација за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите од РМ, на предлог на опозициските пратеници.

На дневен ред на продолжението на 67. седница е и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.