Продолжение на 140-та седница на Собранието
Во Собранието денеска треба да се одржи продолжение на 140. седница.
Пратениците треба да разгледаат повеќе точки, меѓу кои Предлогот за именување на Јавен обвинител на Северна Македонија, измените на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба, и двата по скратена постапка, измените и дополнувањата на Законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.
Од дневниот ред на седницата се преостанати неколку точки, Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија), повеќе точки за избори и именувања, како директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување...
На дневен ред се предлог-законите за основање Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, за средното образование, за стручно образование и обука, сите во прво читање.
Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог-законот за Канцеларија за поврат на имот, како и дополнувањата на законите за извршување, за правосудниот испит, на Законот за нотаријатот, сите во прво читање, Предлог-законот за виното, Предлог- законот за финансиски инструменти, и двата во прво читање.
Ново на Сител
-

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“
-

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
-

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
-

Трамп вели дека сака да го „реши прашањето“ со Куба пред да му заврши мандатот
-

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето - 13 Ноември
