Продолжение на 117-тата собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 117. седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, во второ читање.
Пратениците ќе ги разгледаат и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за експропријација, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, и на Законот за железничкиот систем, четирите по скратена постапка.
На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, и на Законот за престанување на важење на законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од пратениците од опозицијата, и двата во прво читање, како и Предлог законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, во прво читање.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот