-->
-->
Продолжена забраната за користење на водата за пиење во Стојаково
-->
Центарот за јавно здравје од Велес денеска апелира до жителите од село Стојаково во општина Богданци сеуште да не’ ја користат за пиење водата од градскиот водовод и да купуваат флаширана вода.
В.Д директорот на оваа јавна здраствена установа Тони Димитриев информира дека се чекаат анализите од вчерашните мостри на водата за да утврдат дали таа сега е исправна за пиење.
Како што појасни епидемиологот Анастасија Иванова, на 27 минатиот месец вечерта направиле анализа на водата од градскиот водовод по хидричната епидемија на жителите од гевгелиските села Селемлија и Богородица и од Стојаково општина Богданци и алармот до нив од колегите од Прва помош при ЈЗУ Здравствен дом од Гевгелија и подрачното одделение на Центарот за јавно здравје Гевгелија дека 120 лица се зафатени од хидрична епидемија со симптоми на проливи и интензивни повраќања како и можност за дехидрација.
- При анализите на водата од градскиот водовод на линијата после дефектот во кракот на водата кој води овие три села утврдивме во водата присуство на колиформни бактерии, ешерихија коли како последица од фекелно загадување, појасни д-р Иванова.
Димитриев информира дека последица на загадувањето бил дефект на водоводната мрежа од 25 август и оти по дефектот на дел од градскиот водовод на Гевгелија, а кој ги поврзува овие три населени месата, на 27 август настанала хидрична епидемијата кај населението, што е последица на немање хлор во водата по настанатиот дефект.
- Поради немање резудуален хлор на овој дел од системот за водоснабдување му наложивме вечерта на 27 август на ЈП„Комуналец“ од Гевгелија да изврши хиперхлорирање на водата, а по што добивме информација од нив дека тоа вечерта било извршено, рече Димитров.
Според Иванова, во вторите анализи на водата од 29 август утврдиле дека водата која се добива од Градскиот водовод, во селата Селемлија и Богородица е исправна и може да се користи за пиење,а во водата во село Стојакјово сеуште има колиформни бактерии и ешерихија коли и е неисправназа пиење.Сега се чекаат најновите анализи да се утврди дали таа сега е исправна, појасни др- Иванова.
Доктор Сашко Лунчев од подрачното одделение на Центарот за јавно здравје од Гевгелија појасни дека пред дефектот на сите пунктови каде што настанал дефект на водоводната мрежа имало 0,4 милиграми на хлор на литар вода што е во дозволената граница од 0,2-0,5 милиграми на литар, а по него констатирале нула присуство на хлор на сите места каде што извршиле анализа на мрежата.
Како последица од хидричната епидемија биле зафатени 120 лица од овие три населени места од кои 38 лица биле со средно тешка и тешка состојба.
- Од нив девет се задржани на болничко лекување, по што седум се испратени на домашно лекување, а во гевгелиската општа болница сеуште се’ на лекување двајца пациенти, информира д-р Лунчев.
За вкавата состојба веднаш се Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здраствен инспекторат и ЈП „Комуналец“ од Гевгелија.
- Поради ваквите проблеми со водата, апелираме до сите комунални претпријатија во земјава по секој дефект настанат на водоводната мрежа да извршат превентивно хиперхлорирање на водата. Сето тоа со цел да се спречи загадување на водата со разни бактерии, а од чии последици со хидрична епидемија може да биде зафатено населението кое ја користи водата за пиење, наведе Димитриев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице