Продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по барање на заинтересираните странки го продолжи рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ која се финансира од ИПАРД 2 програмата. Наместо до 18 ноември сите заинтересирани апликациите ќе може да ги доставуваат до 3 декември 2019 – та година.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека со ова им се дава доплнителна можност за прибирање и комплетирање на целокупната документација што е потребна за аплицирање за добивање на средствата од ИПАРД 2 Програмата, поточно од Мерката 7 „Диверзификација и развој на мали бизниси“.
Преку Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата, вкупно на располагање се 16,6 милиони евра. Оваа мерка овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвна маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата до 65 отсто од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата. Со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање нови работни места во руралните средини со што ќе се намали руралната депопулација, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемување на нивото на економската активност.
Во соопштението се наведува дека преку Мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се развива најмоќниот дел на економијата, а тоа се малите и средни претпријатија што се силата на домашната економија.
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ