Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев денеска за МИА потврди дека на лицето А.А од Скопје веќе му е продолжен притворот од 30 дена, по што по скратена постапка ќе следи и судење. Закажано е и судското рочиште во штипскиот Основен суд на 18 септември.
Основното јавно обвинителство во Штип веднаш по настанот поведе и итна постапка против 43 годишниот родител за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, а кој извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.
- Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираше Обвинителство на 25 август.
Инцидентот се случи во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“.
- Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, се вели соопштението од Обвинителство, објавено на 25 август.
МИА претходно информиршае и дека дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш донесе и неколку дисциплински мерки. Играчот со дрес број девет на ФК „Шкупи“, чијшто родител е во притвор му е изречена најстрогата санкција исклучување од фудбалска организација. Покрај него уште двајца играчи на ФК „Шкупи“ кои се вклучени во инцидентот против нив е поведена постапка, по што им е изречена казна забрана на играње во траење од три месеци. Казна да не и игра четири натпревари заработи и 15 годишен фудбалер на штипска „Брегалница“, којшто се впуштил во груба игра и самозаштита при нападот. Се поведува постапка, организаторска и колективна одговорност се бара и од двата клуба, „Шкупи“ заради нападот на родителите врз противинички играчи, а „Брегалница“ заради слабата организација на натреварот и пропуст во обезбедувањето. Од ФФМ информираа дека казна има и за координаторот на ФК „Шкупи“, поради давање на лажни информации, измама и доведување во заблуда, бидејќи во графата за стручен штаб се ставени лица, коишто воопшто и не присуствувале на натпреварот.
МИА
Ново на Сител
-
Приведени две лица, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-
Мицкоски за прислушкувањето: Одговорност мора да има за прислушкувањето
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Милевски: Главна цел ни беше да останеме на првото место
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
-
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија
-
Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред