Перински: Средбите со градоначалниците и советниците ми даваат јасна слика за потребите на општините

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими оствари средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината.
На средбата со градоначалникот Мицевски, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, била разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините.
- Општина Сопиште, преку двата јавни повика, доби поддршка за 11 проекти, со вкупна вредност од 54.016.646 денари, се наведува во соопштението.
На средбата со советниците се разговарало за клучните активности на Министерството како и за воспоставениот Ресурсен центар за поддршка на општините.
-Во рамки на центарот веќе се подготвуваат неколку прирачници кои ќе им ја олеснат работата на новоизбраните градоначалници, нагласил министерот Перински.
Министерот Перински го презентирал прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, изработен како едно од првите продукти на Ресурсниот центар. Документот, како што се наведува во соопштението, е осмислен да им даде јасна поддршка на новите градоначалници во почетниот период од мандатот преку конкретни чекори, препораки и насоки за клучните процеси и додаде дека ќе биде доставен до сите градоначалници низ државата.
Перински најавил и дека е во тек развојот на дигитална алатка преку која општините ќе можат лесно и брзо да побараат поддршка, да преземат корисни документи за секојдневната работа, да се информираат за новитети од нивен интерес и директно да комуницираат со Министерството за локална самоуправа.
-Она што го презентираше министерот само ја потврдува вредноста на прирачникот како документ кој ќе ни ја олесни работата и ќе нè води низ процесите, истакнал Мицевски.
Министерството за локална самоуправа продолжува со активните посети на општините, со цел директно да разговара со градоначалниците и советниците во општините.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
