-->
-->
„Продиџи“ ќе донира за поплавените во Скопје
-->
Англиската електронска група „The Prodigy“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата фејсбук страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината.
Членовите на групата упатија сочувство до семејствата на жртвите.
- Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци, напиша групата на социјалната мрежа.
Концертот на „The Prodigy“ треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на првото издание на фестивалот на отворено „Ohrid Calling“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб
-
Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники
-
„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени
-
Девојка прегазена на пешачки премин во Штип
-
Опожарени два контејнера во Серава
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини
-
Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова