Продажбата на исландски дресови се зголемила за дури 1.800 отсто
Продажбата на дресови на фудбалската репрезентација на Исланд драстично се зголеми за дури 1.800 отсто по големиот успех на Европското првенство во Франција, соопшти компанијата Униспорт.
Униспорт, најголемиот малопродажен трговски синџир во Скандинавија, остана без ниту еден дрес на Исланд во продажба по големата побарувачка ширум светот.
- Пред почетокот на првенството имавме очекувања од продажбата на дресови на репрезентацијата на Исланд, но ова ги надмина сите проценки. Дресот на Исланд стана култен, изјави Филип Домагал, генерален директор на данската компанија.
Дебитант на турнирот е најголемото изненадување на Европското првенство откако Ф-групата ја заврши на второ место со два нерешени натпревара против Португалија (1:1) и Унгарија (1:1) и победа над Австрија (2:1).
Исланѓаните во осминафиналето на Европското првенство играат против Англија.
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ