-->
-->
Пробно возење низ Скопје на новите еко автобуси
-->
За време на карантинскиот викенд ЈСП „Скопје“ го пушти на пробно возење новите еко автобуси, а воедно во тек е и обуката на возачите.
Како што соопштија од Град Скопје со пробното возење на новите автобуси, кои наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт, до недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.
Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.
Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки